вторник, 23 декември 2025

Криел кокаин во станот на девојката

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот 26-годишник, во станот во кој престојувала неговата девојка на улицата „Миле Поп Јорданов” во Скопје, неовластено заради продажба држел вкупно 115 таблети 3,4 – метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), како и 10 полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6,21 грама. Дрогата и психотропната супстанција биле пронајдени при претрес на домот, а притоа била одземена и една дигитална вага и еден нож со остатоци од кокаин, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ