четврток, 19 март 2026

Кражби во Тетовско и Гостиварско: украдени пари од џамија и од дом на хуманитарка

Како што информира МВР, засега непознати сторители одзеле пари од верски објект во Копанце и околу 3.000 евра наменети за помош на семејства во Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата истражува два одделни случаи на кражби пријавени во Тетовско и Гостиварско, во кои биле одземени пари, дел од нив наменети за хуманитарни цели.

На 18 март околу 19:15 часот, во СВР Тетово, 28-годишен жител на село Копанце пријавил дека од локалната џамија биле одземени пари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Истиот ден, во 23:40 часот, во ОВР Гостивар, 47-годишна жена од село Неготино пријавила дека во периодот од 15 до 18 март, во два наврати, од нејзиниот дом биле украдени пари. Според пријавата, станува збор за сума од околу 3.000 евра, средства кои ѝ биле доверени од верници за да им помогне на семејства во социјален ризик.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на двата случаи и пронаоѓање на сторителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ