Во првиот случај, вчера попладне во ОВР Гостивар, 43-годишниот А.Н. од селото Вруток пријавил дека во вечерните часови на 17 март биле украдени пари од металната каса за донации во џамија во селото Мердита. Според пријавата, сторителот насилно ја отворил касата и ги одзел средствата.
Во вториот случај, исто така вчера попладне во Тетово, полициски службеници ја лишиле од слобода 27-годишната Л.И. од Црна Гора. Таа била приведена по пријава од 31-годишен тетовец, сопственик на продавница за златен накит на улицата „Страшо Пинџур“, кој пријавил дека жена, која претходно питачела, одзело златни предмети од неговиот дуќан.
Од МВР велат дека по целосно документирање на двата случаи, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.






