четврток, 2 април 2026

Кражби низ државата, лажен полицаец украл кола, апсења во Скопје, Тетово и Прилеп

Во последните 24 часа полицијата регитрирала бран кражби и дрски криминални дејствија низ повеќе градови, при што биле приведени неколку осомничени, дел од украденото веќе е вратено кај сопствениците.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, на подрачјето на Аеродром, уапсен е 26-годишен државјанин на Турција, кој се сомничи дека од ходник на зграда украл велосипед. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а против него ќе следува пријава.

Во тетовско Боговиње, пак, приведен е 66-годишник баран за „тешка кражба“, додека во Прилеп полицијата фати 55-годишен маж кај кого биле пронајдени предмети украдени од куќа – и тие се вратени на сопственикот.

Во Штип е регистриран случај во кој 45-годишник се претставувал како полицаец, запрел возило „пежо“ и го одзел, по што заминал. Набргу потоа, со истото возило нападнал жена на улица и ѝ го украл кучето.

Полицијата информира дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ