По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, сторителот бил пронајден, а кај него биле најдени и одземени украдените производи, кои ќе бидат вратени на сопственикот, се додава во соопштението.
Од МВР посочуваат дека Е.Б. е приведен во полициска станица и по насоки на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетирање на службениот материјал, против него ќе биде поднесена кривична пријава.






