МВР информира дека вчера утрото на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Полициска станица Бит пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Б.(48) од Скопје.
„По претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје е извршен претрес во неговиот дом, каде се пронајдени предмети поврзани со десет кривични дела ‘Кражба’ казниви по чл.235 од Кривичниот законик на подрачјето на Центар и Бит Пазар, при што за дел од кривичните дела е извршено и препознавање од страна на оштетените. На Џ.Б. од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор“, соопшти МВР.






