Во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи , семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари.
„На 16.01.2025 О.В. е приведен, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела“, наведуваат од МВР.