вторник, 23 декември 2025

Крадци сакале да украдат бакарна цевка од боца за кислород во штипската болница

Објавено на

часот

Сподели

 Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од СВР-Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ