Од МВР денеска соопштија дека автобусот бил управуван од турски државјанин, а сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово.
„При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.