недела, 28 декември 2025

Косовски државјанин направил сообраќаен „карамбол“ среде Скопје, завршил во болница

На 26 декември во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, Скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Потоа удрил во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од Скопје, по што продолжил со движење и на крстосница од бул.„Крсте Петков Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“  удрил во семафор и во уште едно патничко возило во движење „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(29) од с.Долно Лисиче, Скопско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Р., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ