понеделник, 30 март 2026

Користел туѓа картичка без дозвола, кривична пријава за штипјанец

СВР Штип поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.У. од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 11 јануари 2026 година, осомничениот без знаење, согласност и дозвола од оштетената, прибавил и користел нејзина банкарска картичка. Притоа, извршил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, при што се стекнал со противправна имотна корист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ