Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, извршија контрола во угостителски објект во с. Доброшане, кумановско, сопственост на М.П.
За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., при што кај 11 од нив било утврдено дека консумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни пријави.






