„Во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци. Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н. бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти денеска МВР.
Воедно, како што се наведува во соопштението, утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.
Акциска контрола била спроведена и во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени биле пет странски државјанки.
Ноќеска во периодот од 00:20 до 2:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
„При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Украина, Србија и Албанија, на возраст од 28 до 37 години“, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.