Како што се посочува во дневниот билтен на МВР, оштетената тврди дека во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и ѝ рекле дека ѝ е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари.
„Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.






