МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола на улица Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило фолксваген со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.
„Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.