петок, 11 јули 2025

Кичевчанец пријавен за неовластено поседување дрога и опрема за нејзино обработување

Полициските служби поднеле кривична пријава против 32-годишниот Р.Ј. од Кичево, кој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, на 7 февруари 2025 година во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на лицето, како и претрес во неговиот дом. Притоа биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки за обработка на дрога.

Случајот е документиран и против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ