среда, 24 декември 2025

Казни за возачи за непропуштање на пешаци во Куманово

Објавено на

часот

Сподели

Акциската контрола, за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин, полициските службеници ја спровеле на подрачјето на СВР Куманово.

„При контролата констатирани се седум прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби“, соопштија од СВР Куманово.

Од кумановската полиција апелираа до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и до пешаците кои ги повикаа да ги почитуваат правилата и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, бидејќи, нагласија, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ