Исто така, изречени се 28 мерки за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, шест за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, две за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.
На територијата на Скопје, пак, изречени се 52 мерки за прекшоци што ги прават пешаците.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






