вторник, 23 декември 2025

Казни за 216 брзи возачи, од нив 37 казнети во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата регистрирала дека 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. 

За време на сообраќајните контроли во Скопје изречени биле и пет санкции за возење под дејство на алкохол, како и 14 за лица кои возеле  без возачка дозвола.

Казнети се шест возачи кои биле запрени додека зборувале на мобилен телефон, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот, а напишани биле и 41 казна за непрописно паркирање.

Сообраќајната полиција апелира да се почитуваат сообраќајните прописи и правила и најавува дека со акциските контроли ќе продолжи и во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ