Од санкциите, 14 се возила за движење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведува МВР.






