Во периодот од 1 до 31 јули, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел сообраќајни контроли на територија на државава за санкционирање возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
„При контролата, санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, истакнаа од МВР.
Оттаму нагласија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.






