При контролата санкционирани се 42 возачи на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола, како и во други градови,
При акциската контрола санкционирани се и 125 други видови на сообраќајни прекршоци, велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано“, предупредува МВР.






