среда, 24 декември 2025

Казнети 77 пешаци во Скопје, 293 во целата земја

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупно 293 казнети пешаци, 253 се казнети за минување улица надвор од пешачки премин, а останатите за преминување улица на црвено светло за пешаците.

Покрај 77 пешаци во Скопје, сообраќајната полиција казни 37 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзија, а при контрола на документи е утврдено дека 14 лица немале возачка деозвола.

„Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 44 за непрописно паркирање“, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од сообраќакјната полиција и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ