среда, 24 декември 2025

Казнети 65 возачи за брзо возење во Скопје, 51 возач во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашните засилени акциски контроли, на територија на град Скопје изрече 204 мерки, меѓу кои за брзо возење 65 санкции и 42 мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Според МВР, изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 46 за непрописно паркирање.

 Во Битола била спроведена радарска контрола при што казнети се 51 возач. Од нив 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а шест надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот,“ апелира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ