Покрај казнетите мотоциклисти во Скопје се изречени и 14 казни за брзо возење, а 10 лица се казнети затоа што немале возачка дозвола.
Изречени се и четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на црвено светло.
При радарска контрола на патиштата и улиците низ Македонија за брзо возење казнети се 141 возач, од нив 47 ја пречекориле дозволената брзина во населено место.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, предупредуваат од МВР.






