Од казнетит, девет возачи возеле со над 50 километри на час над дозволената брзина, а две возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 142 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






