„На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 34 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, шест мерки за користење мобилен телефон“, велат од МВР.
Министерството информира дека во периодот од 18 до 22 часот била спроведена акциска сообраќајна контрола во Ѓорче Петров и Сарај каде биле казнети 80 возачи, а 14 од нив не поседувале возачка дозвола.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачаа од МВР.






