„За безобѕирно возење по чл.297 а од Кривичниот законик лишено е едно лице од слобода. За возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкциинирани се и 66 останати учесници во сообраќајот“, соопшти МВР.
Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикла и едно патничко возило. Под сомнение за техничка исправност привремено биле одземени две возила – еден мотоцикл и едно патничко возило.
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, укажува Министерството за внатрешни работи.