Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и денеска и во наредните денови ќе продолжат со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што, нагласуваат, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.