понеделник, 8 декември 2025

Кавадаречката полиција уаспи двајца крадци и дилер на дрога

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера привеле 38 годишен кавадарчанец затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка.

„Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од  МВР. 

Кавадаречката полиција уште соопшти дека вчера попладне биле уапсени А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци. Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и лични предмети. 

„Лицата се задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ