недела, 25 јануари 2026

Кавадарчанка со 2,61 промили алкохол во крвта му нанела повреди на сопругот – приведена е

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта“, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што додадоа од СВР – Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ