Кавадарчанка пријавила во полиција дека ја вознемирува сопругот од кој се разведува, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, извршен е службен разговор со 42-годишник од Кавадарци, постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. Според пријавеното, тој ја вознемирувал и телефонски, но и со тоа што одел во близина на нејзиниот дом, нејзиното работно место и така натаму. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР – Велес.
Изминатава ноќ, пак, во времето од 22:30 до 2:30 часот, од страна на полициски службеници од СВР – Велес и ОВР – Кавадарци и Единицата за службени кучиња при БЈБ, по издадена судска наредба, извршен бил претрес во домот на 33 – годишник од село Ваташа, кавадаречко. Таму биле пронајдени и одземени два боеви куршуми и НН бела прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител, со ваташанецот бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.