Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци. Според пријавеното, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Кавадарчанка измамена за 500 евра со лажна порака од МВР
На 21 јануари, 43-годишна кавадарчанка пријавила во ОВР Кавадарци дека на 20 јануари била измамена за сума од 29.930 денари.

ТОП ВЕСТИ





