недела, 4 мај 2025

Кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода

Млад кавадарчанец тешко ја повредил баба си, лишен бил од слобода, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа  во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Д.(24) од овој град, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 75-годишна баба и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Н.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ