вторник, 9 декември 2025

Кавадарчанец со мерцедес возел 96 километри на час каде 40 е ограничено

Кавадарчанец со мерцедес возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет.

Објавено на

часот

Сподели

Како што попладнево појаснија од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:25 часот на улица „Западен булевар“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода лицето М.М., на возраст од 42 години.

„При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило мерцедес со кавадаречки регистарски ознаки со брзина од 96 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ