Како што попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци извршиле службен разговор со 45 годишниот Г.В., постапувајќи по претходна пријава од 60 годишниот Р.Т. и двајцата од Кавадарци, дека поради недоразбирање во сообраќајот, Г.В. физички го нападнал.
Од СВР – Велес потенцираа дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.






