четврток, 19 февруари 2026

Кавадарчанец пријавен за онлајн измама од над 230 илјади денари

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.И. (26) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, пријавениот набавил податоци од платежната картичка на 60-годишно лице, по што во повеќе наврати извршил поголем број на онлајн трансакции. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 232.788 денари.

СВР Велес продолжува со истрагата и превзема дополнителни мерки за целосно утврдување на околностите и санкционирање на сторителот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ