сабота, 21 март 2026

Кавадарчанец предизвикал сообраќајка со 2,92 промили алкохол во крвта

Полицијата синоќа во 21:15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци го лишила од слобода Р.С.(29) од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, при преземање мерки за претходно случена сообраќајна несреќа во која учествувал Р.С. со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ