На 13 мај, годинава на Градски пазар во Неготино, полициски службеници извршиле контрола на тезга која ја користел пријавениот, како и во неговото патничко возило „форд транзит“, при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања режан тутун без бандерола со повеќе видови натписи. Додека, при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со режан тутун без бандерола.






