недела, 15 февруари 2026

Карамбол на објект во изградба во Кисела Вода

Во СВР Скопје, вчера во 20 часот Н.К. (52) од Скопје пријави дека до објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода, И.Д. од Скопје се заканувал на двајца вработени кои работеле на објектот.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, после тоа го стартувал возилото „форд“ и се обидел да ги удри, но не успеал, по што со возилото удрил во неговото возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред објектот, кое пак од ударот се придвижило и удрило во друго возило „фолксваген поло“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ