„Вчера во 16.20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња – Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.
Кај велешанец полициски кучиња пронајдоа кокаин
Полицијата со помош на тренирани служени кучиња донесени од Скопје во домот на велешанец пронајде кокаин.

Фото: МВР архива
ТОП ВЕСТИ





