вторник, 23 декември 2025

Кај Табановце приведен албански државјанин кој криумчарел мигранти

Објавено на

часот

Сподели

На стариот пат за сeло Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон село Речица, од полициски службеници било забележано  дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река. По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице  од Сомалија.

Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце  за понатамошна постапка.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ