Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани.
Како што информира Царинската управа, против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.
„Континуирано спроведуваме активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесуваме во борбата против финансискиот криминал“, наведува Царинската управа.






