понеделник, 8 декември 2025

Кај Меџитлија тешко повредена 23-годишна девојка од Битола

Објавено на

часот

Сподели

„На 21 ноември во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘опел корса’ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило ‘фолксваген поло’ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција“, соопштија од полицијата.

Тешки телесни повреди добила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ