При контролата бил запленет транспорт на марихуана, а лишени од слобода биле две лица, кои се спроведени во Полициска станица Велес.
Според информациите од МВР, на наплатна рампа Стоби полициските службеници забележале сомнително движење на патничко возило сеат алтеа со скопски регистарски ознаки. Кога возачот бил повикан да застане, тој со голема брзина се дал во бегство кон Градско. По кратко време возилото било стигнато, извршено било легитимирање и преглед, при што биле пронајдени четири црни торби со вкупно 65 кеси растителна материја со тежина од 65 килограми, како и два телефонски апарати.
Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М.(55) од Кавадарци поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215, став 1 од Кривичниот законик.
Пронајдената растителна материја, врз основа на наредба на јавен обвинител, ќе биде предадена на Одделот за Форензички испитувања при МВР за понатамошна анализа.






