вторник, 10 јуни 2025

Кај двајца росоманчани пронајдени ловечки карабини и куршуми, ги чувале незаконски

Претрес бил извршен кај жител и жителка на Росоман,  пронајдени биле ловечки карабини и куршуми што ги поседувале без документација, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци, со судска наредба, извршија претрес во домот на А.Д.(67) од Росоман, при што се пронајдени и одземени ловечки карабин калибар 7.9мм, цевка за карабин, дрвен кундак, 144 куршуми различен калибар, што ги поседувал без соодветна документација и ловечки карабин, што го поседувал со дозвола. Исто така, со судска наредба,  извршен  е претрес и во домот на 61- годишната М.Т. од Росоман, каде се пронајдени и одземени ловечки карабин, ловечка пушка и 153 куршуми различен калибар, кои ги поседувала без соодветна документација“, појаснија од СВР Велес.

По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ