Осомничениот 33-годишен скопјанец, вчера на улицата „Џон Кенеди” управувал моторцикл „пиаџо беверли” без заштитен шлем и без возачка дозвола за тој вид на моторцикл. Кога дошол пред влезот на основното училиште „Васил Главинов”, на обележан пешачки премин не обрнал внимание на пешаците и со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на 10-годишно девојче. Од ударот девојчето добило тешка телесна повреда – скршеница.
Јавниот обвинител со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање. Судот го прифати предлогот и ги определи мерките.