Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на местото на настанот биле испратени полициска и екипа на Службата за итна медицинска помош. Жената која била во бесознание била згрижена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде по укажаната медицинска помош ги повратила нормалните животни функции и е во стабилна состојба.
Според неговите зборови, увидот на местото на несреќата укажува дека нема траги на насилство, односно дека се работи за несреќен случај.