среда, 18 март 2026

Извадил пиштол во тепачка пред угостителски објект, приведен 18-годишник

Ноќеска во 00:20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(18).

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна,  при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ