петок, 25 јули 2025

Изминатиот викенд санкционирани 1.336 сообраќајни прекршоци

Во редовните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава спроведени од  полицијата од сите сектори за внатрешни работи, во деновите на изминатиот викенд биле евидентирани  1336 прекршоци за што се издадени платни налози.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Под дејство на алкохол биле откриени  121 возач  и тие се исклучени од сообраќај, а 106 возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење заштитна кацига.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  168 прекршоци во текот на викендот се однесувале на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.

„Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така, согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило поради техничка неисправност“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се придонесе за поголема безбедноста на патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ